Организаторот на меѓународниот спортски филмски фестивал Златибор кој се одржува од 21.08 до 34.08 во Србија донесе одлука фестивалот да се затвори со документарниот филм на Саша Каталиниќ “КК. Работнички – Брендот под Кошевите”.

Самиот избор е уште една потврда за квалитетот на тематиката и изработката на ова значајно спортско документарно остварување. Со оглед на тоа што првиот спортски документарен филм “Први до Четврто” освои награда како минатогодишен учесник, ништо помалку не се очекува и овојпат.

Воедно се  очекува официјална најава за почетокот на снимањето на третиот документарен спортски филм “КК. Работнички – Златната Генерација” кој е продолжение и завршно филмско дело за една епохална ера за најголемиот кошаркарки клуб во Македонија КК. Работнички – Скопје.