– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека на седницата на Советот за национална безбедност се усвоени заклучоци во кои, во врска со пресудата на Судот на БиХ против претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, се истакнува дека тие одлуки на судовите се „недемократски, антицивилизациски и неморални“ и дека претставуваат сериозен политички напад врз српскиот народ во БиХ и Дејтонскиот договор.
Вучиќ ги прочита заклучоците од седницата на Советот за национална безбедност и рече деказа пресудата врз Додик е политички подготвувана „со огромен притисок од разни политички актери“.
„Дури и партиите во Сараево се заканија дека ако пресудата не биде осудителна, ќе излезат на демонстрации…Сите надлежни државни органи се должни да ја почитуваат одлуката на Советот за национална безбедност. Милорад Додик е добредојден на територијата на Србија. Тој е претседател на Република Српска, легитимно и легално избран . Додик сигурно нема да биде уапсен во Србија доколку БиХ издаде налог за негово апсење“.
Србија не ја прифаќа одлуката на судот на БиХ за Додик, и во исто време, „овие пресуди претставуваат фактор на безбедносна дестабилизација“, се наведува во заклучоците.
„Србија не ги прифаќа пресудите на Судот на Босна и Херцеговина“.
Се забележува дека политичката и безбедносната состојба во регионот е сериозно нарушена, со тенденција на понатамошно влошување и предизвикување меѓуетнички конфликти директно насочени против српскиот народ.
Како што изјави, Србија ќе се спротивстави на наметнатата реорганизација на внатрешната структура на БиХ, вклучително и репресивни мерки против демократски избраните претставници.
Стабилноста на регионот е витален национален интерес на Србија…Ќе останеме доследни во залагањето за зачувување на стабилноста… Стабилноста на регионот е витален национален интерес на Србија, веруваме дека иднината на регионот лежи во соработката“, изјави Вучиќ, кој повтори дека за Србија „ова е најтешката ситуација по 2008 година“.
Тој рече дека разговарал со двајца светски лидери и дека тие го предупредиле каква треба да биде одлуката и однесувањето на Србија. Одговори дека разбира, но дека Србија е суверена држава која сама донесува одлуки.
Comments are closed for this post.