Поранешниот премиер Зоран Заев излезе со коментар дека е успсен Александар Николов кој наводно бил негов возач. Заев за „Телевизија 24“ вели дека ова лице бил вработен во општина и оти никогаш не бил негов возач.

„Александар Николов е вработен во општина Струмица. Јас бев градоначалник на Струмица до 2016 година и во периодот од 12 години колку што бев градоначалник, шофер на градоначалникот , т.е. мој шофер беше Ристо Ѓузелов до неговото пензионирање а после тоа беше Кире Ангелов. Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности. По завршувањето на мојот градоначалнички мандат го немам воопшто видено Александар Николов, “ – вели во писмен став за Тв 24 Заев .

Извор Телевизија 24