Бразилскиот фудбалски клуб Ботафого го назначи за нов тренер Давиде Анчелоти, кој е син на селекторот на бразилската репрезентација Карло Анчелоти.
Триесет и петгодишниот Анчелоти досега му беше помошник на својот татко во Баерн, Наполи, Евертон и неодамна во Реал Мадрид, од каде двајцата заминаа на крајот од минатата сезона.
Давиде Анчелоти потпиша едногодишен договор со Ботафого и седнува на клупата на местото на Ренато Паива, кој доби отказ минатата недела откако беше елиминиран од Светското клупско првенство на ФИФА, иако неговиот тим претходно го победи европскиот шампион ПСЖ.
Во осминафиналето, Ботафого беше елиминиран од бразилскиот ривал Палмеирас со 1-0 по продолженијата, со што заврши тренерскиот ангажман што Паива го почна пред четири месеци
Comments are closed for this post.