Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ја продолжи соработката со поранешниот репрезентативец Дејан Манасков за уште една сезона.
Искусното лево крило, како што е соопштено, ќе го носи зелено – белиот дрес и во сезоната 2025/26.
„Ни претставува задоволство што уште еден победник и ракометар со големо акумулирано искуство ќе настапува за Еурофарм Пелистер во домашните натпреварувања и Лигата на шампиони“, објави клубот од Битола.
Манасков има две шампионски титули во македонското првенство со Еурофарм Пелистер, а зад себе има четиринаесет сезони во европските клупски натпреварувања.
Пред да дојде во Битола, 32-годишното лево крило настапуваше за: Борец, Металург, Вецлар, Вардар, Рајн-Некар Левен и Веспрем
Comments are closed for this post.