Mина една недела од гласањето на Резолуцијата за напредокот на Македонија а Бугарите уште не можат да преблолат. Пискотиници се слушаат од Софија до Брисел. Пишуваат писма, понижуваат, оговараат. Бугарска работа. Ковачев, Џамбаски, Радев, Каракачанов, Костадин Костадинов, не оној струмичкиот.

За овие ликови, македонскиот јазик бил модерен, современ и сега сакаат тоа да го потврди и Европскиот парламент. Сакаат да прифатиме дека нашите баби и дедовци не зборувале на македонски јазик, не пееле песни на наш јазик и оти во 45-та однеднаш сме се разудиле како Македонци по заслуга на Тито, се коментира во ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Бугарскиот притисок е преку амадмани македонскиот јазик да стане не вековен туку модерен. Пристисокот ќе се зголемува до следната недела кога ова прашање ќе се најде на гласање на планарна седница на Парламентот. Таман ЕУ да види со кого си имаме работа, дека не е до Уставот и до оние 3500 македонски граѓани кои на пописот се изјаснија дека се чуствуваат Бугари, туку до јазикот и идентитетот, до македонскиот јазик и идентитет.

Но, немојте да мислите дека Бугарите се сами во оваа битка. Нееее. Си имаат тие сојузници во Македонија во ликот на Венко Филипче и Бојан Маричиќ. Еве Филипче вика дека јазикот и идентитетот биле затворени прашања. Бетон. Па ако се затворени зошто Бугарите се кренаа во Европскиот парламент да кажат дека сме модерни Македонци. Филипче уште вели дека ништо немало да изгубиме ако ги ставиме Бугарите во Устав. Ти Венко и стварно нема што да да изгубиш, Дубаи е далеку, таму немаат проблем со Бугарите.

Венко е познат патриот па отиде дури до Германија за да каже дека терминот „современ“ пред македонски не смее да помине и оти тука бил да ги брани позициите на Македонија.

Брее патриотиште. Како прво не е точно дека во време на СДСМ не побараа македонскиот јазик да биде современ, тоа неколкупати го повтори и другарот на Заев, Бојко Борисов, и другарката на Бујар Османи Екатерина Захариева. 

Македонија со нетрпение ја чекаше пресудата за случајот на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Вакво убиство кое ги потресе граѓаните одамна немало. Заслужената казна стигна. Киднаперите и убиецот Палевски добија доживотен затвор. Секоја чест и за судијата Стефановски кој пресуди онака како што се очекуваше и покрај онака слабото обвиниение и обвинителки кои го застапуваа случајот.

Она што остави дамка на овој случај е тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот обвинетел на СЈО Гаврил Бубевски. Тие веднаш по убиствата тврдеа дека Палчо од таткото на Вања дознал кое време девојчето ќе излезе за на училиште, па уште и сама без сестрата. Изјава Спасовски

Бубевски пак уште тврдеше дека имаат докази од обвинетите за ова тврдење. Низ судењето се дозна дека тие докази се добиени со физичка изнуда, народски кажано ќотек.

Ќе го носат на душа.Така е тоа во Македонија кога Оли беше и министер и обвинител и судија и адвокат, а кадри на Катица обвинители. Се делеа пресуди шаком и капом И два посто доверба им е многу.

Само за Марта Кос македонскиот идентетет е пинџур, полнети пиперки и тавче-гравче.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ може да ја привршува книгата „ Како ја победив шарената револуција“ откако пропадна уште протест на т.н студенти. Ова е доказ дека отстрана нема да се мешаат ЕУ МЕУ, амбасади, државата може да се справи со вакви хулигани, кои се обичен инструмент во рацете на српската опозиција.

Ви личи ова како на шарената револуција кај нас? Ма не да личи, исто е, само глумците се различни.