Оклахома ноќеска ја победи Индијана со 103:91 во седмиот натпревар од финалето на НБА и го освои шампионскиот трофеј во најсилната кошаркарска лига на светот.
Шеј Гилџеус-Александер беше предводник до успехот на својот тим со 29 поени и 12 асистенции.
Кај Индијана се истакна Бенедикт Матурин со 20 поени и 13 скока.
Најдобриот кошаркар на Индијана, Тајрис Халибартон, во првата четвртина ја повреди Ахиловата тетива и не можеше да го продолжи натпреварот.
Оклахома ја доби серијата со 4-3 и ја освои титулата во НБА по втор пат во историјата на франшизата.
Тимот претходно ја освои својата прва титула во 1979 година, играјќи под името Сиетл суперсоник
Comments are closed for this post.