Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за тоа колку му значи победата на турнирот во Женева.

Во финалето на натпреварувањето, 6. светски рекет го победи Полјакот Хуберт Хуркач со резултат 5:7, 7:6 (7:2), 7:6 (7:2) и ја освои 100. АТП титула во кариерата.

– Ми требаа победи, особено на оваа подлога. Од првите турнири, играњето на земјена подлога не беше сосема природно за мене. Јас сум еден од оние тенисери кои треба да одиграат неколку меча пред такви турнири. Затоа отидов во Женева. Сега се чувствувам сосема поинаку отколку пред две недели. Кога ќе изгубите неколку натпревари, почнувате да се сомневате во вашата игра и не сакате да бидете на Ролан Гарос, изјави Ѓоковиќ.

Србинот ги сподели и своите размислувања за можноста да го освои 25. Грен слем турнир во кариерата.

– По титулата во Женева се чувствувам посигурен. Сè уште имам големи цели, големи амбиции. Ќе се фокусирам на првиот круг и се надевам дека ќе го постигнам најдобриот резултат, додаде тој.

Во првото коло на Ролан Гарос, што се одржува од 25 мај до 8 јуни во Париз, 38-годишниот Ѓоковиќ ќе игра против Американецот Мекензи Мекдоналд