Ромео  Бекам е во среќна врска со  Ким Тернбул.  Ким и Ромео се колеги, или поточно, двајцата имаат многу успешни кариери како модели. Девојката работи како модел од 2017 година, а двете се запознале на модна ревија. Интересно е што Ромео Бекам беше најталентираниот од сите синови на Дејвид кога стануваше збор за фудбал, помина низ младинските категории на Арсенал, но потоа се посвети на некои други работи во животот.

Врската помеѓу Ромео и Ким е веќе толку сериозна што таа е присутна на сите семејни настани на Бекам. Тернбул неодамна присуствуваше на модната ревија на Викторија Бекам на Неделата на модата во Париз и ѝ честиташе на поранешната пејачка на „Спајс грлс“ за нејзиниот успешен потфат.