Од телефонската анализа на 22 ноември 2023 година имате пропуштени 7 повици на Телеграм, до 13.14 часот. Тоа значи дека не сте можеле да разговарате до 13 часот? – го праша обвинителката Јосифовска Љупчо Палевски.
– Не е така, не се толку пропуштени повици. Имам пропуштен повик од секретарот Миле. После имам повик од Ѓорѓи Ѓолев, а јас му ѕвонев во 12.12 часот. А ако сте ги гледале комуникациите од 21 ноември ноќта, ќе видите дека Миле секретарот до 12 и кусур ноќе ми ги праќал кривичните пријави да ги читам. А тоа што не сум го користел Телеграм може да значи дека спијам, имам секс, јадам, шетам куче, правам што сакам. Но, во истото вештачење, вие не го видовте, во истиот ден, 22 ноември, дека во 23.36 сум разговарал со Манев 36 секунди на апликацијата Телеграм, мојот телефон во Скопје, неговиот во Велес. Истото се случило во 2 часот наутро, веќе 23 ноември после полноќ. Кога јас повторно му ѕвонам на Манев, антената ми е кај Народна банка, а Велибор не се јавува. Тоа е времето кога Манев тврдеше дека сум го однел навечер на место на настан Дупки
Comments are closed for this post.