Mинистерот за здравство Арбен Таравари со последните потези што ги влече докажува дека не е играч за големи утакмици, туку за маалски, локални,. Човекот што имаше можност да биде омилен и кај Македонците и кај Албанците, е на пат да стане Мендух Тачи во македонската политика, и кој денеска е обичен привезок на ДУИ, кој не вреди пет пари. А некогаш беше Тачи војводо..
И Таравари е тргнат натаму, откако самиот си призна дека преговара, се договара, шурува со ДУИ. Дури и се слушаат со Ахмети на телефон. Ејјј со ДУИ. Па заборави ли и тој самиот колкаво зло беа ДУИ и колку штета направија на Македонија во 20 години колку што беа на власт, се коментира во ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
И кога конечно ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата Вреди во која е дел и Таравари ја тргнаа ДУИ од власт, тој одлучи да разговара со партијата од Мала Речица, само затоа што идат локални избори.
За Таравари е поважна поддршката што ќе ја добие од ДУИ за градоначалник на Гостивар отколку заедничкиот настап со коалицијата на која и припаѓа. А знаеме дека кај ДУИ ништо нема за џабе и оти се се наплаќа со кеш, односно со многу кеш. Со контактите тој ја факторизира ДУИ која е на пат да ги изгуби сите важни општини за Албанците.
Таравари во моментов е без партија откако судот одлучи дека претседател на Алијанса за Албанците е Зијадин Села . Таравари се претставува како некакво крило на Алијанса. Какво е тоа крило, фудбалско, ракометно? Где е печат-па кај Села.
Затоа со право се се лутат неговите коалициски партнери Билал Касами и Изет Меџити кои исклучуваат секаква соработка на локално ниво со Таравари за советници и градоначалници, иако и од оваа одлука најголем добитник ќе биде ДУИ. Поради двојната игра на Таравари Вреди од коалиција ќе стане една партија, наведува авторот на колумната.
Среќа што оваа криза во Влен на локално не се одразува на владината коалиција. Тука на Таравари не може да му се најде никаква забелешка. Одлично ја менаџира работата по пожарот во Кочани а згора на тоа е и добар доктор.
Затоа, министре, не си го трошете капиталот што го имате стекнато за дружба со партија која е збир на ликови од кои никој не виде аир, без разлика на која националност припаѓа.
На ДУИ времето е поминато, немојте да биде и вашето, знаете како поминавте кога првпат бевте министер. ДУИ се истите, добро ги знаеме, не правете ја истата грешка.
Изјавата на бугарските власти за уставните измени кои треба да ги направиме за да почнеме преговори со ЕУ покажа со кого си имаме работа во Софија, во Брисел, но и во Скопје.
Бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев рече дека уставните измени и внесување на Бугарите во уставот е само првиот чекор со кој само ќе почнат преговорите. Барем е искрен. Тонско георг.
Ова не му е јасно само на лидерот на СДСМ Венко Филипче кој бил спремен да ја жртува својата политичка кариера само да се направеле уставните измени. Се нуди какоо , да не кажам што. Која политичка кариера ? кога рејтингот му е еден -два посто и за кој неговите коментираат дека ќе го сменат одма по локални.
За Оската Софија-Скопје Брисел да биде целосна се погрижи комесарката за проширување Марта Кос.
И таа си беше сосема искрена дека никој не може да даде гаранции дека и ако ги направиме уставните измени Бугарија нема пак да блокира.
Ама таа лично ќе се заложела да се најде решение и оти имала добра воља. Ме разнежни со муабетот. Вољата особоено и се појави откако се сретна со овој Георг и со Румен Радев. А знаеме колку тие ја сакаат Македонија.
Вака Марта, на власт во Македонија веќе не се Заев,Таче и Османи со кои можевте да си играте дрндупка.
Истите финти не ви проаѓаат, сме го гледале ова и со вашите претходници на кои зборот им тежи додека не си заминат од функциите во Брисел.
Ако никој не може да даде гаранции во Брисел дека внесувањето на Бугарите ќе биде последно барање на Бугарија, и ние ветуваме дека не ни паѓа на памет да го отвориме уставот кој се претвори во арабаџиски тефтер, во кој само додаваме и одземаме за атер на друг, а на сметка на Македонците, кои на крајот треба да ја платат сметката за нешто што не се гледа крајот, ниту пак некој ни ветува дека некогаш ќе станеме членки на ЕУ.
Затоа Марта аман не не брани, знаеме со кого си имаме работа, не ни е прв пат.
Comments are closed for this post.