Владимир Зеленски првично потпишал договор за минералите со Велика Британија и тоа е причината што Трамп бил толку нервозен на нивната последна средба, изјави политичкиот аналитичар и поранешен хрватски амбасадор во Москва, д-р Божо Ковачевиќ.
Како што пренесува „Блиц.рс“, Велика Британија ја оживува својата империјална носталгија, па токму пред Трамп да ја преземе должноста во Киев бил потпишан вековниот договор за соработка меѓу Украина и Велика Британија.
Дел од тој документ е доверлив, а некои аналитичари претпоставуваат дека Украина се обврзала да ги предаде минералните суровини на кои смета Америка на Обединетото Кралство. Се претпоставува дека Американците дознале за ова. Лидерите на ЕУ и на поголемите земји-членки воопшто не сметаат на ЕУ како играч во меѓународните односи. ЕУ ги критикуваше САД за организирање средба со Русите без ЕУ, а потоа шефовите на некои земји-членки на ЕУ организираа средби со британскиот премиер, шефот на НАТО, Турција и Канада без да ги информираат другите членки на ЕУ. Ова и даде дополнителни аргументи на Унгарија за критиките дека некои земји ги користат институциите на ЕУ за да ги наметнат своите интереси – вели Ковачевиќ
Comments are closed for this post.