Се сеќавате на вицот кога петелот ја бркал кокошката за да заврши работа, а таа во себе си викала ќе потрчам уште некој круг, да не мисли дека сум лесна. Така и претседателот на Украина Зеленски за кратко ги спаси своите дијаманти, злато и брилијанти, односно ретките минерали што Доналд Трамп му ги бара како компензација за оружјето што Америка му го даваше за да се бори против Русија, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Тоа е, во политиката ништо нема за џабе, ниту пак има вечни пријатели. И кога целиот свет очекуваше Зеленски и Трамп да го потппишат договорот, Зеленски како да е актер од Холувуд а не обичен аматер, се обиде пред Трамп и Ди Ванс да глуми лудило.Не сакал да го даде минералите бидејќи за тоа немал дозвола од народот во Украина. Ама бил спремен да се врати на преговори , но под други услови.

Дечко, кој тебе те прашува. Веќе не се прашуваш за ништо.Оди жали се кај оние од ЕУ кои се се спремни да ја поддржат Украина до последниот Украинец.

Кога Бајден, Фон дер Лајен, Макрон и другите ти даваа лажна надеж дека можеш да ја победиш Русија, што си мислеше? Дека ова еден ден нема да дојде за наплата. Договорот за минералите Зеленски ќе го потпише, ако не сега по некој месец, се разбира под полоши услови .Ако не сака тој ,веднаш ќе најдат друг, бидејќи нему и онака му е истечен мандатот.

Навистина беше жално да се гледа Зеленски седнат до Трамп и Ди Ванс како учениче кое ја нема научено лекцијата, и наместо да се извини се кара со наставникот. Ама наставниците се погодија лоши . Не знаеш ни фала да кажеш, го прекорија ученикот , , кажав кажав рече Зеленски, ама не ме слушнавте наставнику.

На крајот остана и без ручек и без договор. Дали крајот вака мириса

Еден од таквите чиновници од Брисел е и известувачот на Европскиот парламент Томас Вајц. Дипломатот од Австрија, замислете бил спремен да го одвезе јазолот во спорот со Бугарија.Како Александар Македонски кој го пресекол Гордиевиот јазол, така и Вајц ќе го решел овој спор меѓу двете земји.

Во стилот на неговиот сонародник Јоханес Хан кој сакаше работите да ги решава на балкански начин, така и така и Томас ќе барал од ЕУ и од Бугарија изјави дека откако ќе ги внесеме Бугарите во Устав веќе нема да има нови барања.

Клучниот збор е изјави, не гаранции. Значи Вајц сака Македонија да поверува на лепе очи, односно на обични изјави а не на пишани гаранции. Тоа можеше кај Заев и Таче. Затоа толку ги сакаат во ЕУ. Kај ги наоѓаат вакви.

Ако ЕУ навистина сака Македонија да почне преговори можат да и ги скратат на Бугарија европските пари за помош. И ќе видат дека Бојко, Радев и компанија одма ќе пеат друга песна.Но, не сакаат и затоа ја пуштаат Бугарија да блокира. Ејјј Бугарија блокира, до кое дереџе се доведе ЕУ. Ама сами си се криви.

Tрамп е решен да им влезе во парите што ги добивале невладините организации од Балканот од УСАИД. Во Босна веќе работи поранешниот американски федерален обвинител Мартин Де Лука, Таму фалат 250 милиони долари.Слична акција се спроведува и во Србија, а кај нас девојката што се шминкаше пред штитот на полицаецот за време на шарената револуција се кара со Република и го демантира заменик директорот на ФБИ Дон Бонџино. Работела за џабе, про боно што би се рекло, за идеали. Јасминче, тоа објасни им го на ФБИ кога ќе те повикаат ,не нас, ние само пренесовме, се наведува во колумната.

Во Ниш се одржа еден од најголемите протести на студентите против Александар Вучиќ иако нивната шарена револуција полека се распаѓа.

И како што бива кај нас, се е контра, контра проест, контра студентим контра наставници , а сега се појави и контра песна.Мотото на двете е Пумпај.

Да не бевме вакви на Балканот ,требаше да не измислат

На локален терен ништо ново. Сенките од минатото се вратија.Али Ахмети се закани со дестабилизација ако се чепнел албанскиот јазик. Ќе ги спречел и локалните избори да се одржат. Од командант, до лидер на партија, сега тој се претвори и во Уставен судија па им се заканува и на уставните судии каква одлука да донесат. Ало Кале, Хаг прием, се слушаме!