Бев вклучен во истрагата за Панче Жежовски во околината на Велес. Јас и колегите ги прегледавме и камерите од хотел „Романтик“, рече стакна денеска сведокот, Стојан Кујунџиоски во Основниот кривичен суд Скопје каде денеска продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои обвинети се Љупчо Палевски Палчо, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
Кујунџиоски, кој е полицаец од СВР Велес, вели дека не може да потврди како биле облечни лицата во „кангуто“ и „цитроенот“ кои се гледаат на камерите од хотелот.
Тој потврди дека одзеле предмети од Јасминка Видевска, ловна пушка, патрони и куршуми за пиштол 9 мм.
Предметите беа ставени на увид и тие што беа потребни за увид беа преземени од страна на колегите. Пиштолот на Боре Видевски не беше пронајден при претресот, истакна сведокот.
Тој додаде дека не го известил Обвинителството официјално дека го нема пиштолот на Видески.
Ја известивме обвинителката Славица Темелковски само усно, објасни сведокот.
При претресот не е пронајден пиштолот, јас немав контакт со Видески за да прашам каде е оружјето. Претресот не го правев јас, истакна сведокот.
Comments are closed for this post.