Претседателот на Албанија денес бил во посета на битолското село Меџитлија, село, како што објави „Албаниан дејли њуз“ со мнозинско албанско население.
За посетата на албанскиот претседател немаше никаква објава за јавноста, што е чудно зашто станува збор за највисок претставник на странска држава.
Од штурите информации во албанскиот печат, се дознава дека Мета бил пречекан од локалните власти и десетици жители, а беше објавена и „семејна фотографија“, односно Мета се сликал со жителите на Меџитлија како поздравуваат со симболот на орелот.
Мештаните му се заблагодариле на Мета за посетата, кој инаку во исто време беше и лани во посета на Битолско, но тогаш на покана на претседателот Ѓорге Иванов. При посетата Мета истакнал дела Албанците во Македонија нема никогаш да бидат заборавени и оти албанската држава секогаш ќе остане блиска со нив.
„Вие сте албанска гордост на Битола“, подвлекол Мета и притоа истакнал дека Круја, Валона, Призрен и Битола се најважните градови за Албанците.
Инаку, според фотографии објавени на својата Фејсбук страница, може да се види дека Мета го посетил и Музејот на албанската азбука во Битола.
Comments are closed for this post.