Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје ќе се реконструира за 12 милиони евра, со пари од турската компанија „ТАВ Македонија“. Со реконструкцијата, болницата ќе добие европски услови, седум операциони сали со светска апаратура, нови лаборатории, адаптирани нови простории во интерес на пациентите, истакна денеска вицеппремиерот Александар Николоски.

Проектот за реконструкција и адаптација на болницата опфаќа реконструкција простор од преку 3000 м2, и како што рече вицепремиерот Николоски, ќе промовира повисок квалитет на здравствени услуги кон пациентите. Тој најави дека се очекува целиот проект да заврши оваа година.

Проектот предвидува реконструцкија на хирушкиот дел во вкупна површина од 2000 м2, седум операциони сали од кои што две ќе бидат за абдоменална хирургија, две ќе бидат за уролошки интервенции, една за уво нос и грло и една за очна хирургија и она што за прв пат се воведува е роботска хирургија, нешто што сме го гледале во странство досега. Понатаму, интензивна нега на површина од 500 м2, предвидени се 7 целосно оперемени боксови за пациенти со најсовремени кревети линиски поставени со централно мониторирање од страна на медицинскиот персонал, придружни простории од 800 м2, стерилизација и биохемиска лабораторија на површина од 100 м2, микробиолошка лабораторија од 80м2, лабораторија за патологија што многу ќе им помогне на онколошките пациенти и трансфузиолошка медицина. Тука спаѓа и саниција на кровот како и поставување на ефикасен систем на греење и ладење, реконструкција на лифтовите, што се заедно треба да не донесе во ситуација некаде крајот на октомври да имаме целосна реконструирана болница 8 Септември што ќе е од голем бенефит за граѓаните, истакна вицепремиерот Николоски.

Видео како ќе изгледа новиот проект