Папата Франциск ја критикуваше растечката нееднаквост во богатството и третманот кон мигрантите, порачувајќи дека светот не би требало да ги игнорира оние „кои животот ги расфрла на сите страни“.
Неправдата е изопачениот корен на сиромаштијата. Плачот на сиромаштијата секојдневно станува се посилен, но се послабо се слуша, загушен од вревата на малкубројните богаташи, кои се се побогати – истакна Папата по повод Светскиот ден на сиромаштијата.
Папата повторно ја истакна неговата поддршка за мигрантите, заклучувајќи дека луѓето мора да обрнат внимание на „сите оние кои се принудени да бегаат од нивните огништа и од родната земја поради неизвесната иднина“.
Comments are closed for this post.