Maкедонија не е аутсајдер на Светското првенство во Хрватска.Тоа го покажа на денешниот меч против фаворитот Унгарија.Бевме рамноправни, ако не и подобри и мора да им се честита за прикажаното. Кире Лазаров направ спој од младост и искуство, сето тоа надополнето од поддршката од трибините во Вараждин. Со нерешениот исход 27-27 ќе пренесеме бодови во втората фаза.
Што да се каже за мечот. Целата репрезентација играше одлично, но мора да се истакнат одличните одбрани на 39 годишниот Никола Митревски кој правеше чуда на голот и спаси неколку сигурни голови. Одбраната играше цврсто и агресивно што резултираше со мал број примени голови.
А нападот на Македонија беше предводен од Филип Кузмановски кој конечно наликува на лидер на тимот и наследник на Кире Лазаров, надополнет со Мартин Серафимов и Јагуриновски.
Comments are closed for this post.