Дино Мерлин животот не го галел, а денеска носи големи лузни кои ги претвори во хитови. Така, во еден период од животот завршил во психијатриска установа во Германија, кога во четири ѕида ја напишал нумерата „Ја потпуно трезен умирам“.
Исто така, еден од неговите најголеми хитови „Мојот живот е Швајцарија“ е приказната за несреќната љубов која пејачот ја доживеал кога неговата девојка го оставила поради пари.
Како млад, Мерлин имал љубов со девојка која се испоставила дека била „спонзоруша“. А бидејќи тогаш бил сиромашен не можел да и ги исполни сите желби и таа го оставила и заминала со богато момче во Швајцарија.
Откако Мерлин се прослави, стекна голема популарност, таа се врати во Сараево по него, а тој и ја отпеа оваа песна за прв пат: „Имам се што сакам, освен една работа, некој да ме сака заради мене барем за момент!’
Comments are closed for this post.