Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски за „Република“ откри дека наскоро ќе биде отворен комплексот „Македонско село“.

Тој се отвори во 2016 година, а се затвори во 2019 година. За неговото нефункционирање досега се потрошени околу 20 милиони денари. Ветивме дека ќе го пуштиме и постапката е во процедура. Повторно ќе го дадеме на приватник да го работи бидејќи ние како држава не можеме да го сервисираме. Проценката е готова. До крајот на годината ќе го објавиме огласот и ќе може да се пријават сите заинтересирани. Сакаме да оставиме период до мај следната година закупецот да може да го реновира бидејќи комплексот со времето се распаѓа.