Бојан Јовановски во интервјто за ТВ Пинк најави дека јавноста наскоро ќе дознае кое е лицето од Србија кое го уништило и морално, емотивно и материјално.

Тоа е личност од Белград.Тој лик кога сево ова ми се случи ме украде и дека тогаш видов што значи човечко дно.Што му украде и како тоа се случи ќе дознае цела Србија бидејќи тоа е монструозно-рече Јовановски кој наскоро најави и документарен филм за него..

Вели дека здравствената состојба дополнително му се влошила во затвор бидејќи немал услови да се лечи и да добива медицинска нега.

Мојата состојба не би му ја посакал ни на најголемиот непријател.Можеби само малку, да видат како е на оние кои кумуваа да бидам јас во затвор за да го спасат својот политички задник.