Бројката на повредени при масовните протести во Франција против покачувањето на цената на горивото се искачи на повеќе 100. Покрај едната загината жена, петмина, од вкупно 106 луѓе повредени при протестите, се наоѓаат во критична состојба.
Преку 244 илјади демонстранти блокираа голем број патишта кои водат до бензински пумпи и аеродромите во Франција. Од вкупно 3.500 бензински пумпи на „Тотал“ околу 70 цело утро беа затворени, а помалку од 10 отворија во попладневните часови.
Исто така, во текот на денот некои хипермаркети не отворија, а околу 25 беа блокирани од стана на демонстрантите.
Aerial footage shows traffic jams caused by petrol price protests #France #Paris #GiletsJaunes pic.twitter.com/Z6EYA4HxL5
— Ruptly (@Ruptly) November 17, 2018
Во Париз демонстрантите се собраа во близина на Елисејската палата, пеејќи ја химната на Франција. Тие се обидео да се доближат до резиденцијата на францускиот претседател, Емануел Макрон, но беа спречени од страна на француската полиција со солзавец.
Инаку, демонстрантката почина откако беше прегазена од жена која ја фатило паника кога се приближила до групата демонстранти и наместо на кочница таа ја притиснала педалата за гас и со автомобилот удрила во жената.
Thousands march in #France over diesel tax ??pic.twitter.com/8mZtTHidxU
— ✊ Muhammad ?Yame ? (@j3L0tj3Ts4loKe) November 17, 2018
Comments are closed for this post.