Нова закана на Али Ахмети. Опозицијата очигледно тешко му влијае на лидерот на ДУИ, па повторно реши да се заканува на национална основа. Сите Албанци ќе се кренеле на нозе, доколку Уставниот суд одлучел да го промени или укине Законот за употреба на јазиците.

Ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе, изјави Ахмети.

ДУИ и преку соопштение објаснуваа што точно да кажува Ахмети. Велат ги уверил партиските членови, дека немало да дозволи уништување на постигнувањата со многу жртви.

Вечерва на средбата со народот организирана од огранокот на ДУИ во Шуто Оризари разговаравме за понижувањата, отпуштањата на Албанците, обидите за укинување на албанскиот јазик, балансерот и поништувањето на сите достигнувања на Албанците пред очите на прекршителите на волјата на Албанците од ВЛЕН, изјави ДУИ. Премиерот Христијан Мицкоски вели сите се навиквнале Ахмети секојдневно да биде фактор на нестабилност и со воинствени повици, да се обиде да предизвика некакви немири.

 

Според Мицкоски, првиот човек на ДУИ нема да успее во овој план, но сепак предизвикува загриженост кај него, но и кај меѓународниот фактор. -Ние се навикнавме сега од таквите изјави на господинот Али Ахмети, да повикува на воинственост, да биде фактор на нестабилност.