Не стивнуваат реакциите во јавноста по лукзузната забава во Дубаи која ја приреди босанскиот пејач Харис Џиновиќ а на која главни ѕвезди беа поранешниот премиер Зоран Заев и сегашниот лидер на СДСМ. Народот се прашува до каде оди аздисаноста на двајцата другари кои не така одамна ја водеа Македонија а сега се сведоа на ријалити програма која ја има во изобилство во соседството. Токму во непосредно соседство, во Србија ќе настапува кралот на кафеаните како што го нарекуваат Џиновиќ.
Тој во петок на 8 ноември ќе пее на Паличко езеро крај Нови Сад во винаријата на Звонко Богдан. Се најавува луда журка па можно е да се очекува Зоки и Венко повторно да бидат во елемент.
Или ним само Дубаи им е ниво?
Comments are closed for this post.