Во однос на партиите ВМРО-ДПМЕ има поддршка кај 26 посто од граѓаните, ДУИ, СДСМ и Вреди 7, Левица 5 и ЗНАМ 4.
Доколку се одржат парламентарни избори за која партија би гласале?
ВМРО-ДПМНЕ 26
ДУИ 7
СДСМ 7
Левица 5
Вреди 7
ЗНАМ 2
Алијанса на Села 1
Друго 1
Неодлучни 7
Одбива да одговори 14
Не гласа 23
На телефонската анкета спроведена од 9 до 13 октомври, пак, врз 1200 испитаници, на прашањето „Во каква насока се движи државата?“, половина од одговорите биле дека се движи во позитивна или во донекаде позитивна насока (Позитивна 25 отсто, односно Донекаде позитивна 24.9 отсто). Донекаде негативна одговориле 12.5 отсто од испитаниците, негативна 24.3%, а „не знам“ одговориле 13.2%.
28.4 од испитаниците имаат позитивно, а 27.1 донекаде позитивно мислење за работата на владата во првите 100 дена. Донекаде негативно мислење имаат 9.3 отсто, негативно 21.6 отсто, додека 13.6 немаа одговор на прашањето.
Повеќе од половина од испитаниците, поточно 51.1 отсто сметаат дека доколку се земе предвид работата на Владата во првите 100 дена, таа ќе биде подобра од претходната власт на СДСМ и ДУИ. Полоша сметаат дека ќе биде 12.7 отсто од испитаниците, иста 28.6 отсто, а „не знам“ одговориле 7.6 отсто.
Најголемиот проблем со кој се соочува Македонија и владата мора под итно да го решава за 37.5 отсто се криминалот и корупцијата, а за 19.7 отсто се економијата и животниот стандард. Следуваат останатите проблеми – невработеноста, високите цени, квалитетот во образованието,
Comments are closed for this post.