Само 62 македонски граѓани кои се декларираат како Бугари го искористиле своето право на глас за парламентарните избори кај источниот сосед, пренесуваат медиумите во Софија.И досега интресот за гласање беше слаб, но ова е рекордно ниска излезност кај граѓаните на Македонија кои поседуваат бугарски пасош.
Иако околу 100.000 Македонци поседуваат бугарски пасош само 3.500 на последниот попис се декларираа како Бугари.
Но, тоа не ги спречува властите да бараат промена на Уставот и влез на бугарското малцинство како услов Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ.
Comments are closed for this post.