Посетата на Урсула фон Дер Лајен е реафирмација на интересот на Брисел за Балканот, кој што не е спорен.Во прашање е нова стратегија за регионот која по многу што не вклучува и проширување.

Оваа финансиска помош која се нуди е утешна награда бидејќи на еден или друг начин сме во некава втора лига, коментира за „Pressing TV“ поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Тој потсетува дека Макрон формира европска политичка заедница која веќе наголемо функционира со околу 40 членки, додека Фон дер Лајен ни презентираше четири столба од кои последниот е токму финаниска помош.

Малку се знае дека во новата преговарачка рамка измислена од Макрон еден од главните критерими е компатибилно ниво на развој на кандидатите со членкиите на Унијата.Тој услов може да се исполни објектино да се исполни за 20, 30 или повеќе години.Целта на оваа финансиска помош е т.н „план за раст“, токму за да се постигнае таа цел-вели Никовски.

Како што вчера најави првиот човек на ЕК помошта за Македонија треба да почне со 52 милиони евра до крајот на годината од вкупно 750 милиони евра според Планот за раст.