На претстојните европски избори Стив Бенон, некогашниот стратег на американскиот претседател, Доналд Трамп, ќе соработува со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Архитектот на победата на Трамп основа Движење кое има за цел на изборите за Европскиот парламент во 2019 година да помогне во Брисел да влезат што повеќе националисти, десничари и популисти.
Зборувајќи за РТЛ, тој рече дека веќе ја посетил Будимпешта еднаш или два пати и се сретнал со советниците на Орбан, средби за кои не било ништо објавено. Портпарол на унгарската влада не сакал да дава коментари, објави Ројтерс.
Орбан ја поздрави идеата на Бенон за Движењето велејќи дека било време некој кој доаѓа од Америка во Европа да го раздвижи кознервативниот начин на размилување, наместо либералните вредности.
„Доколку можеме, ќе отвориме седиште за Движењето во Будимпешта. Ми се допаѓа многу таму. Но, очигледно, тоа не е практично. Ќе потрошиме премногу време во Унгарија од сега па до денот на изборите“, изјави Бенон за РТЛ. „Се надеваме дека Движењето е подготвено да дејствува, ќе работиме заедно“, доаде тој.
Наредните европски избори се верува дека ќе донесат конфликт меѓу силите кои сега владеат со ЕУ, како во Германија и во Франција, кои сакаат поголема интеграција, и евроскептичните нации како Унгарија.
„ЕУ сака да спречи Брегзит“
ЕУ секогаш настојувала да сречи Брегзит, коментираше вчера Стив Бенон, некогашниот лидер во десничарскиот вебсајт Брејбрат. Елите во ЕУ не сакаат Брегзит, додаде тој, без да дава конкретни објаснувања за тоа прашање и за неговите тези.
„Гледате што се случува. Тие немаат намера да ви дозволат да си заминете. Не“, истакна Бенон во говор во Оксфор Јунион. „Тие ќе прават што е можно потешко да биде тоа, и така и ќе продолжат, условите за равод ќе стануваат се потешки“, додаде тој.
Comments are closed for this post.