Републичкото јавно обвинителство врши надзор во Вишото скопско обвинителство по, како што вели вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, тоа е предвидено во законот за јавно обвинителство и тука нема ништо спорно. Симптоматично е тоа што пет години по ред не е извршена контрола и одеднаш, после разговорот за предметот со бонусите на СЈО се закажа надзорот.
Хајрулахи за Република вели дека надзор врз работата на обвинителството е законски и не е спорен, но прашањето е зошто баш сега.
–Републичкото јавно обвинителство по закон има право да врши надзор над работата на Вишото јавно обвинителство и тука нема ништо спорно. Но во последните пет години Републичкото обвинителство немало надзор врз ниту едно вишо јавно обвинителство. Симптоматично е зошто баш сега. Акцентот на надзорот е ставен врз обвинителот Јован Цветановски кај кого е предметот со бонусите на екс обвинителите од СЈО, за кој републичкиот обвинител Љупчо Коцевски ме побара и ми рече дека треба да бидме претпазливи во однос на одлуката на ВЈО во однос на поднесената жалба односно дека не треба да се даде својство на оштетен за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие не се оштетени – вели Хајрулахи.
Предметот со бонусите на ексобвинителите од СЈО, по жалба од страна на ОЈО ГОКК во Вишото обвинителство стигнала на почетокот на месец септември. Според тврдењата на Хајрулахи, на 19 септември Коцевски му се јавил телефонски да се видат. Вишиот јавен обвинител бил кај републичкиот, при што му било потенцирано да внимава по предметот со бонусите на СЈО и да не се дава својство на оштетен на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, која поднела жалба до Вишото обвинителство за овој случај.
–Му одговорив дека задолжен е јавен обвинител со предметот и по проучување истиот ќе биде рефериран кај мене е видиме кој е ставот на обивнителот. Му нагласив дека јас не можам да се мешат во работата на ЈО, дека по закон јавните обвинители во постапувањето се самостојни. Коцевски ми посочи дека како и да е, предметот е сензитивен и повторно нагласи на ВМРО-ДПМНЕ не смее да се даде својство на оштетен. По разговорот со Коцевски, кој се одвиваше на висок тон, направив службена белешка. Го повикав обвинителот Јован Цветановски за да му пренесам каков разговор имав за предметот. Видно се вознемирен бидејќи за него пораката од Коцевски претавува директна закана – изјавува Хајрулахи за Реублика.
По само неколку дена од РЈО добил писмено известување дека ќе бидат под надзор, што, според вишиот обвинител, не е спорно, но е симптоматично зошто баш сега. На 10 октомври доаѓа контрола составена од тројца обвинители.
– Прво обвинителката Лиле Стефанова учествува во прв степен во СЈО и не смее да учествува во надзорот. Обвинителот Елвин Вели до пред скоро време беше заменик на вишиот обвинител и обвинител во Вишото. Според побараните предмети се гледа дека акцентот на надзорот е ставен токму врз обвинителот Цветановски. Во понеделникот имаше повторно контрола – вели вишиот јавен обвинител.
Предметниот обвинител Цветановски, за Канал 5 изјави дека за него пораката од Коцевски претставува директна закана, но тоа сепак нема да влијае врз неговата работа.
–Во врска со разговорот кој го имал Мустафа со републичкиот обвинител, тој ми е пренесен веднаш. Тоа значи за мене директна закана бидејќи годиниве не сум доживеал, ниту сум слушнал за таква закана – да се внимава. Предметот е сензитивен, точно е, и ќе биде проследен како и секој друг. Мојата одлука ќе биде независна, вели обвинителот Цветановски.
Коцевски вчера во изјава за Канал 5 рече дека ваквите наводи се апсолутно невистинити. Вели ниту во овој, ниту во било кој друг предмет не бил вршен притисок. За надзорот коментира дека тој бил дел од планираните контроли во сите виши обвинителства во државата
–Воопшто не е вршена контрола врз предмети во работа, ниту врз конкретниот предмет кој се однесува на исплата на бонуси во поранешното СЈО, бидејќи тоа не беше ниту опфатено со одлуката за вршење надзор – велат од прес службата на државниот јавниот обвинител.
Според Коцевски причините за надзорот биле поткрепени со соодветни судски одлуки во однос на постапувањето на одредени обвинители во Вишото обвинителство Скопје како и со документирани наводи за мобинг, закани и притисоци со кои се соочувале вработени во службата.
На ова пак, Хајрулахи пак вели:
Администрацијата нема предмети за да се врши мобинг врз нив. Крајно несериозни се ваквите изјави. Надзор е вршен врз работата на јавните обвинители, а не врз работата на администрацијата.
Во јули беше објавено дека Ислам Абази, Јавниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција донел решение со кое ја отфрлил кривичната пријава на ВМРО ДПМНЕ против екс обвинителите на СЈО, на кои Катица Јанева им подели по илјадници евра бонуси за доверливост надвор од платата, со што, според пријавата на партијата бил оштетен Буџетот за над 4,5 милиони евра. Тогаш „Сведок“ објави дека Ислам Абази го затворил предметот со бонусите и хонорарите во екс Специјалното јавно обвинителство, иако тој не го работел предметот, туку струмичката обвинителка Наташа Поп Трајкова. На ваквата одлука беше поднесена жалба.
Comments are closed for this post.