Министерот за здравство и дел од албанската коалиција Вреди, Арбен Таравари денеска во изјава за медиумите по прашање за одлуката на Уставниот суд за укинување на Балансерот истакна дека тоа се проблеми кои седеле во Судот со години.
„Ете Уставниот суд одлучи за 100 дена Влада да ги извади сите на површина, тие се проблеми кои што треба да се решат. Мислам дека етничката припадност е уставна категорија, се надевам дека наскоро ќе има нов закон, кога е уставна категорија треба да има и закон, со кој што ќе се предвидат застапеност не само етничка, туку и на сите категории на луѓе кои што живеат во државата да имаат правична застапеност во институциите“, вели Таравари.
Различни се рекациите по укинувањето на механизмот за вработување на помалите етнички заедници. Граѓаните се задоволни што конечно во јавната админастрација ќе се вработува по тоа кој колку е образуван а не дали е Албанец.
Партиите на Албанците, посебно оние од опозиција негодуваат и велат дека на овој начин се нарушувал Рамковниот договор. ДУИ дури и срамежливо најавува дека ќе излезат на улица.
Сепак, оваа „радост“ на граѓаните по одлуката на Уставниот суд кратко ќе трае бидејќи Вреди најавува дека балансерот ќе биде заменет со закон за правична застапеност. Оттаму најавуваат дека со ова законско решение ќе се води сметка и за квалитетот на кадрите и за правичната застапеност.
Comments are closed for this post.