Државата нема да се фаворизира трет оператор, ако одиме со трет оператор нема да одиме со непосредна спогодба, туку ќе одиме со отворен тендер согласно Законот за јавни набави и ќе се натпреваруваат сите заинтересирани компании, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот „Каде се парите”.
Тој во поткастот исто така вели дека е дојдено време кога граѓаните мора да добијат поевтини цени и квалитетни услуги и дека повеќе е недозволив дуополот што го прават двата мобилни оператори.
“Јас сметам дека доколку двата постојни оператори ги намалат цените, ги подобрат услугите и почнат да се натпреваруваат меѓу себе, ќе нема место за трет оператор. Ако останат вака тврдоглави како сега, ќе има голем простор за трет оператор и ова не е заплашување, јас сум само реален. Прошетајте низ Скопје ќе видите згради кои имаат мрежа само од едниот или од другиот оператор. Дигитализацијата на националните телевизии ја прави само еден оператор, другиот не нуди услуги. Распишуваме тендер во министерството, само еден оператор се јавува. Класичен договор е тоа, никој не е наивен” истакна министерот Николоски.
Comments are closed for this post.