Вечер полна со љубов, славење на животот, радост и по некоја солза. Вакви се очекувањата на големата хрватска музичка ѕвезда, Нина Бадриќ, за нејзиниот солистички концерт,што ќе се одржи во Филхармонија на 27 октомври.
Хрватската дива пред скопската публика ќе настапи со одбрани хитови, од нејзината 30-годишна кариера, а присутните во Филхармонија ќе имаат чест да слушнат нешто и од нејзиниот најнов албум, најавен за до крајот на годинава.
Долго време сакам голем концерт во Скопје. Иако неколкупати сум била во Скопје, секогаш сакав голем солистички настап, би рекла прв вистински концерт. Тоа е нешто што чувствувам дека и го должам на скопската публика, но пред се, си го должам самата на себе. Очекувам дека настапот ќе изобилува со емоции и мојата задача е да ги пренесам позитивните чувства на публиката, истакна Бадриќ на прес-конференцијата, на која го најави својот концерт.
Билетите за концертот ќе бидат пуштени во продажба од понеделник. Ќе може да се набават онлајн, при што со еден клик, на интерактивна мапа, заинтересираните ќе можат да идберат кое седиште најмногу им одговара за да го проследат настапо т на Нина Бадриќ.
Comments are closed for this post.