Далматинската пејачка Северина не била приведена на српската граница, туку задржана на разговор поради т.н вербален деликт. Српската полиција ја распрашувала околу нејзините изјави за Сребреница и за тоа дека таму имало геноцид. Кога ја испрашале , по десетина минути и рекле дека може да влезе, но тогаш Северина одбила.
Но, тоа е само почетокот на циркусот. Интересно е кај кого требало да пее Севе во Србија.
Таа била поканета да пее за 18 роденден на ќерката на познат српски бизнисмен.Раган Руварац, директор на фирмата „Стефиал“, кого српските медиуми го нарекуваат „градител на СНС“ и финаниер на партијата на Вучиќ.
Toj незаконски изградил градежен комплекс во белградската општина Врачар, заедно со поранешниот фудбалер и тренер на Црвена звезда, Дејан Станковиќ.
Откако настанала паника дека на Северина не и се дозволува влез во Србија реагирал таткото на славеничката. Работата дошла до Вучиќ кој го барал министерот за внатрешни работи Дачиќ да му објасни што се случува,но тој не му кревал телефон бидејќи спиел.
Кога сѐ било средено Северина останала на ставот дека нема да стапне во Србија додека е на власт диктатор.
Comments are closed for this post.