Шпанската полиција дошла до информации дека куќата во која на 12 август беше убиен Саша Момчиловиќ (36) е во сопственост на познат спортист во Шпанија.
Белграѓанинот Саша Момчиловиќ викан Бресквица бил убиен на 12 август на забава во луксузна вила во близина на Марбела во сопственост на познат фудбалер, откриваат шпанските медиуми. Србинот бил застрелан во грб.
Според обвинението на Јавното обвинителство за организиран криминал, убиениот Момчиловиќ на Скај ги користел прекарите Комша и Чарли Бронсон, најверојатно по најпознатиот британски осуденик. Покрај лажниот белгиски пасош, на свое име имал и хрватски документи.
Comments are closed for this post.