Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките игри (ОИ) во Париз совладувајќи го Карлос Алкараз во финалето со 7:6 (3), 7:6 (2), пренесува „Спорт клуб“.
Српската влада великодушно ги наградува олимпијците кои ѝ носат медали за земјата, поточно Ѓоковиќ ќе добие 200.000 евра за златото. Србија на Ѓоковиќ ќе му исплатува и спортска пензија која ќе му биде активирана од 40-от роденден.
Србија е меѓу најдарежливите земји, а само две земји даваат повеќе за олимписко злато. Израел златниот медал го наградува со 253.000, а Хонг Конг дури со 708.000 евра.
Comments are closed for this post.