Непотизмот е главна карактерна одлика на оваа власт, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Како најнова потврда за тоа, од опозициската партија го посочуваат тоа што, како што објавија дел од медиумите, Александар Кирацовски, кој во време кога е Генерален секретар на СДСМ си ја вработува својата сестра на работно место Советник во Централен регистар, со плата над 36.000 денари.
Ова е само продолжување на веќе познатата пракса за непотизам, која веќе ја видовме со вработувањето на ќерката на Талат Џафери и синот на Мирослав Грчев во АД ЕЛЕМ, мајката на Костадинов. Но и поделбата на високи суми на име на технолошки иновации на фирма на вицепремиерот Кочо Анѓушев, снаата на Цветанка Ласкова, Хари Локвенец и низа други.
Вработувањето на сестрата на Кирацовски не е единствен пример за непотизам и влијание од страна на овој висок претставник на власта, како што пишуваат активисти на СДСМ на социјалните мрежи, а објавуваат медиумите дека Кирацовски неодамна си ја вработил и својата пријателка фризерка. Ова не го тврди ВМРО-ДПМНЕ ова го кажуваат видни партиски активисти на СДСМ, како што е Мери Николова – изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Како што истакна Арсовски, непотизмот и криминогениот начин на работа мора веднаш да запре од страна на СДСМ затоа што граѓаните сакаат Република Македонија да биде држава во која Уставот и принципот на владеење на правото ќе се почитува.
Comments are closed for this post.