Јавното обвинителство не гледа ништо спорно ниту незаконски во милионскиот бонус што си го поделија обвинителите од некогашното СЈО на чело со Катица Јанева.
„Република“ побара коментар од Републичкото јавно обвинителство за отфрлањето на пријавата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ а која Ислам Абази, обвинителот за гонење организиран криминал ја отфрли како неоснована.
Од ЈО за „Република“ објаснуваат дека била прибавена обемна документација и ги декласифицирале ревизорските извештаи и правилниците што беа донесени од страна на тогашната јавна обвинителка Катица Јанева, а било извршено и детално економско – финансиско вештачење.
Од вештиот наод и целокупните материјални докази произлезе дека тогашното Специјално јавно обвинителство, за целокупното работење вклучително и за финансиските активности изготвувало извештаи, што согласно закон биле разгледувани од Советот на јавните обвинители и од Собранието. Не се констатирани отстапувања помеѓу обезбедените парични средства предвидени во финансиските планови што биле одобрени со Буџетот на ова обвинителство и реализираните парични средства во тековното работење во анализираниот период-велат од ЈО.
Оттаму додаваат дека дејствијата преземени од Јанева во врска со носењето на правилници за додатоци на платите и одлуките за почитување на принципот на тајност во врска со материјалите од незаконското следење на комуникациите, како и исплатата на додатоци на плати и надоместоци по основ на наведените акти, не претставуваат дејствие на извршување на пријавените кривични дела, ниту на други кривични дела што се гонат по службена должност.
Согласно сите утврдени факти, решение за отфрлање на кривичната пријава е донесено во декември 2023 година, односно неколку месеци пред Љупчо Коцевски да стапи на функцијата. Јавните обвинители Љупчо Коцевски и Ленче Ристоска не се во никаква ниту поблиска, ниту подалечна роднинска врска-објаснуваат од Обвинителството.
Од парите кои ги добивале обвинителите на „славното“ СЈО на обичниот човек може да му се сврти во главата.
Па така,Јанева сама на себе си доделила 157.000 евра.
Лиле Стефанова зела надоместоци од 93.000 евра а Рустеми 90.000. Фатиме Фетаи зела 87.000 , Бубевски 86.000 а Ленче Ристоска 84.000.
Comments are closed for this post.