Не може да се предвиди дека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го реализира сето она што го ветува и предвидува, оценува опозицијата по денешното експозе на мандатарот на владата Христијан Мицкоски.
– Многу од ветувањата кои беа дадени пред граѓаните, многу од прашањата кои беа отворени и на кои на манипулативен начин успеавте да ја добиете поддршката од граѓаните, денеска ги немаме во Програмата за работа на Владата. Првиот основен приоритет за кој велите дека сите ние треба да бидеме дел од процесот и дека не треба ниту еден од нас, или како поединец, да има екслузивно право во однос на нашите стратешки приоритет, туку треба заеднички да работиме, а тоа е нашето членство во ЕУ, е сосема различен концепт од оној што го застапувавте и во времето на опозиција во изминатите осум години и во времето на предизборите, а тоа се однесува на почитувањето на меѓународните догооври, Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија, Преговарачката рамка за членство во ЕУ, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски.
Тој додаде дека очекувал во Порграмата многу поконкретни чекори во однос на сите овие прашања.
– Јас се согласувам и СДСМ и Коалицијата ќе бидат тука за сите стратешки прашања за кои сметате дека треба да разговараме. Но факт е дека немаме ниту збор за Преспанскиот допгвор, за Договорот со Бугаријта нема ниту детално разработен план како ќе ја промените Преговарачката рамка за која рековте дека нема да ја прифатите и дека ќе одите на нејзина промена. Овие денови се гледа и промената на личниот став во однос на Преспанскиот договор, дека нема да го користите уставното име, ниту придавката, денеска најавивте дека тоа ќе го направите и ако е тоа новиот концепт, тоа е чесно и фер пред граѓаните да биде кажано, и како мандатар на Владата денеска говорите дека ќе го почитувате уставното име и Преспанскиот договор, рече Спасовски.
Тој забележа дека нема конкретни рокови и за наведените проекти во Програмата, нема финансиска конструкција како тие ќе се реализираат, ниту за задолжувањето од една милијарда.
Спасовски додаде и дека има прашања што се заговаарат како големи идни достигнувања, а за кои вели, веќе функционираат во државата, посочувајќи го како пример системот за видеонадзор на граничните премини.
– Сето она што се дава како ветување и е доставено како предлог пред Парламентот и јавноста е далеку од ветувањата и очекувањата кои им ги дадовте на граѓаните пред изборите и во изборниот период, подвлече Спасовски.
Comments are closed for this post.