Вечерва во 21:00 часот по македонско време започнува долгоочекуваното УЕФА ЕУРО 2024!
Воведниот натпревар го игра домаќинот Германија против Шкотска во натпревар од групата А на натпреварувањето, што се одржува на „Алијанц Арената“ во Минхен.
Пред натпреварот ќе има и традиционално отварање на кое ќе му биде оддадена почит и на легендарниот фудбалер Франц Бекенбауер кој почина на 7 јануари годинава.
Актуелен шампион е Италија, која триумфираше во изданието во 2021 година одложено за една година поради пандемијата на коронавирус и тоа против Англија на пенали.
Comments are closed for this post.