Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и напаѓачот Александар Трајковски на официјална прес-конференција ги споделија очекувањата за денешниот натпревар против Хрватска на стадионот „Рујевица“ во Ријека.
Милевски очекува добар натпревар, против селекција која според него е топ-5 во светот.
-Сакаме да ги провериме сите играчи, за да видиме на кого можеме да сметаме во иднина. Се наоѓаме на крај на сезоната, но она кое го гледам во последните денови е дека сите се расположени да го дадат својот максимум. Кога играте за својата држава, мора да сте на повеќе од максимумот, така ќе биде и секогаш. Императив е да видиме до каде сме, во која насока и што треба да поправиме пред септемвриксиот циклус, порача Милевски.
Александар Трајковски, репрезентативец на Македонија изјави дека се подготвуваат максимално за предизвикот со Хрватска.
-Очекувам еден добар натпревар, а подобриот нека победи. Секако дека Енис Барди, кој е преважен играч за нас, ќе ни недостасува во тимот, но јас се надевам дека секој играч кој ќе биде на теренот и ќе го замени на таа позиција, ќе го даде максимумот. Верувам во сите играчи во репрезентацијата. Доста од играчите во Хрватска ги познавам, се работи за врвни играчи и репрезентација. За нас ова ќе биде една одлична средба за да видиме до каде сме и да се подготвиме за циклусот во Лигата на нациите во септември, изјави Трајковски.
Comments are closed for this post.