Шарунас Степуконис, управителот на компанијата „БалтКап“, која беше одговорна за изградбата на националниот стадион на фудбалската репрезентација на Литванија, наводно украл околу 16 милиони евра наменети за изградба на објектот и ги прокоцкал во казино.
Фудбалската репрезентација на Литванија се надеваше дека наскоро ќе добие национален стадион во Вилнус, но градежните работи престанаа есента минатата година бидејќи од фондот исчезна огромна сума на пари.
Се испостави дека Степуконис украл околу 16 милиони евра од 30-те милиони што неговата компанија ги добила за почеток на работите.
Кога работите ненадејно биле прекинати, било соопштено дека трошоците се зголемени за 40 отсто, се преговарало со градот Вилнус за новата градежна цена, а потоа се појавила неверојатна информација. Медиумите открија дека Шарунас проневерил огромна сума пари. Очигледно сето тоа го прокоцкал во казиното.
Компанијата „БалтКап“ сега го предаде проектот на компанијата Ханер, која треба да ги продолжи градежните работи. Новиот изведувач најавува дека стадионот ќе биде готов во 2026 година.
Comments are closed for this post.