Зошто молчиме, како да се охрабриме и како да си го подобриме сите интимното здравје. Врвни стручњаци, гинеколози, психолози, новинари, медиумски личности отворено дебатираа на оваа тема на првиот Форумот за женско здравје.![]()
„Гинеколозите ја имаат клучната улога во медицината.Тие треба отворено да зборуваат со пациентите за интимното здравје”, порачаа докторите од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
![]()
Ги повикаа жените од сите возрасти, особено оние кои се во најзрелите години и кои заслужуваат квалитетен живот да се грижат за себе и да не се срамат да зборуваат за табуата за интимното здравје.
„Жените живеат премногу во тишина, не споделувајќи ги проблемите со својот гинеколог.Статистиките покажуваат дека само 20% од гинеколозите се интересираат за интимното здравје на своите пациентки”, рекоа универзитетските професорки.
![]()
Големо влијание имаат и креаторите на јавното мислење. Медиумте треба да информираат и да овозможат соодветен простор за овие теми кои не засегаат сите.
„Секоја жена заслужува да се чуствува среќна.Интимното здравје има влијание и врз самодовербата, а женското здравје е предуслов за среќни приказни. Да ја подигнеме свеста и да останеме здрави и убави”, порака од медиумските личности кои беа дел од овој Форум.
![]()
Естетската и регенеративната гинекологија е ново поле кое брзо се здобива со популарност во развиените и земјите во развој. Кај нас очигледно треба да се разбијат стереотипите. Важно е да се промени пристапот кон пациентките на редовните прегледи и отворено да се зборува на темата интимно здравје.






Comments are closed for this post.