Скоро илјада евра се потребни за едно четиричлено семејство да ги подмири месечните трошоци за живот – покажуваат најновите податоци од Сојузот на синдикати.
Синдикалната кошничка за месец март изнесува 58 998 денари и е зголемена за 1 522 денари од минатиот месец.
Најголемо зголемување на трошоците има кај храната и пијалоците за што се потребни 22 682 денар.
Според синдикатот, растот веројатно се должи на тоа што престана да важи мерката за „загарантирани цени“ поради што дел од производите веќе поскапеле.
Comments are closed for this post.