Неколку лица кои во моментот на смртта на Милошевиќ работеа во Меѓународниот кривичен трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, за Би-Би-Си ја потврдија приказната за која со години се шпекулираше низ ходниците на Трибуналот, дека телото е предадено на семејството, но мозокот бил чуван во холандскиот форензички институт во Хаг.
Телото на Милошевиќ било подложено на обдукција како дел од истрагата што Трибуналот ја спроведува паралелно со холандските власти.
После тоа, во затворен ковчег му било предадено на Марко синот на Милошевиќ, кој долетал од Москва да го земе. Меѓутоа, длабинската токсиколошка анализа на мозокот што сакале да ја направат холандските патолози барала повеќе време, па мозокот наводно останал во Институтот
Comments are closed for this post.