Бедри Зекири, еден од водачите на нарко групата „Барон“ минатата година се најде на списокот на помилувани лица од страна на претседателот Стево Пендаровски.

 

Комисијата за помилување која е под директна надлежност на шефот на државата одлучила да му ја намали казната на Зекири и покрај негативното мислење на Министерстото за правда.

Со ова на Зекири казната му е намалена за шест месеци а во затвор ќе остане до 2027 година.

Нарко групата Барон на Зекири деновиве е во центарот на вниманието откако кај скопско Блаце беше убиен Зелкиф Туша.

фото Код

Зелкиф е татко на Ганиф пак кој е осомничен дека во Грција го убил Орхан Бајрами-Оки од спротиставениот клан Грчец/Дуканџик.

 

Како одмазда, минатата недела гореше кафе барот „Барон“ во Чаир кое е собирно место на оваа криминална група.

Емисијата „Код“ објави помилуваниот Зекири си го променил дури и презимето.Претходно се презивал Бериша.

 

МВР пак денеска

на својата интернет страница објави дека  е распишана меѓународна потреница по Шеваљ Муареми. Неговото име се поврзува со нерасчистени убиства и останати сомнителни криминални активности.

Тој е предводник на групата Грчец/Дуканџик во која беа и Орхан Бајрами-Оки кој го убија во Грција и Јетон Кривањева кој го убија во „Шиша бар“ на Кале.

Шеваљ е познат по својот луксузен живот и се претпоставува дека е во Дубаи.46-годишниот нарко водач често може да се забележи на луксузни забави и неодамна се фотографираше и со Лео Меси.

За злосторствата на Шеваљ податоците од „Скај“  апликацијата се предадени на МВР и на Обивинителството за организаран криминал.