Кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата е речиси со двојна предност пред кандидатот за претседател од владејачката СДСМ покажува најновата анкета на Институтот за политичко истражување Скопје која беше вчера презентирана во емисијата Објектив на Македонската радио телевизија.
На прашањето за кого ќе гласате на претстојните претседателски избори во изборната единица 2, за ВМРО-ДПМНЕ одговориле дури високи 20.2 проценти, додека за владејачката партија СДСМ само 11 проценти, за кандидатот на ДУИ дале поддршка само 6.7 проценти, ЗНАМ 5.7 проценти, ЕСП 5.2 проценти за кандидатот на Левица исто толку 5.2 проценти, за АА 3.7 проценти, за ниеден 17.3 проценти, не сака да каже 9.8 проценти, додека 8.9 проценти одговориле со не знам.
Во изборната 6 на истото прашање за кого ќе гласате на претстојните претседателски избори, тука кандидатот на ДУИ би освоил 17.6 проценти од испитаниците, додека кандидатот на Европскиот сојуз за промени би освоил 16.2 проценти. Од македонскиот блок најголема поддршка има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, односно 7.4 проценти од анкетираните граѓани одговориле дека ќе гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти СДСМ која има само 3.8 проценти, додека за кандидатот на АА би гласале 6.4 проценти.
Под 1 процент се кандидатите на Левица и ЗНАМ. За ниеден одговориле 19 проценти, не сакале да кажат 14 проценти, додека не знаат или немаат одговор рекле 9.9 од испитаниците.
Анкетата е спроведена телефонски, во изборната единица 2 на 1002 испитаници односно 1001 испитаник во изборната единица 6 со забележана грешка од плус минус 3 проценти.
Comments are closed for this post.