„Божјата армија“ пристигна на границата меѓу Тексас и Мексико додека државните претставници на Тексас и администрацијата на Бајден се судрија околу безбедноста на границата. Попладнево, по американско време, ќе има митинг за поддршка на владата во Тексас.
Минатиот месец, Врховниот суд на САД издаде привремена наредба со која им дозволува на агентите на федералната гранична патрола да ги отстранат оградите од жици поставени од Тексас. Сепак, гувернерот на Тексас Грег Абот го задржа правото на државата да го чува својот дел од американската граница со Мексико, наведувајќи го неуспехот на федералната влада да ја обезбеди границата.
Повеќе од дваесетина други државни функционери низ САД, вклучително и Де Сантис, го поддржаа Абот во спорот.
Comments are closed for this post.