Во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје беше претставен филмот „Одмаздничката“ посветен на големата бугарска хероина од Тетово Мара Бунева.
Филмот прикажува факти од животот на младата тетовчанка, преку документи, автентични фотографии, а се претставени и мислења на научници и експерти, кои зборуваат за подвигот на Бунева. Таа на 13 јануари 1928 г. го убива српскиот обвинител Велимир Прелиќ, кој е одговорен за тортурата врз обвинетите во Скопскиот студентски процес студенти припадници на ММТРО.
Во своето обраќање амбасадорот на Република Бугарија во Македонија Ангел Ангелов ја нарече Бунева икона за македонските Бугари.
Таа млада жена е икона. Икона на локалните Бугари, кои му се спротивставиле на српското угнетување. Тоа угнетување за кое што пишува Вазов во неговата песна „Па шта си ти“. Овој спомен им смета на некои луѓе, им сметал на тие кои ја скршиле првата плоча во 1945 г. и ги скршиле сите плочи, кои се поставуваат на местото, каде што е извршен атентатот. Но споменот не може да биде „скршен“, бидејќи историјата не може да биде „скршена“. Дури вештачката интелигенција ќе ви каже дека Мара Бунева постоела и го направила тоа, што го направила“, вели амбасадор Ангелов.
Comments are closed for this post.