Новиот претседавач со ЕУ, Белгија, го кажа гласно она што на сите им е јасно, a тоа е дека Европската Унија нема никаква намера да се проширува во скоро време.Ова беше кажано за време на церемонијата на преземањето на белгиското претседавање со ЕУ.
Белгискиот премиер Александер де Кро на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, по средбата на еврокомесарите со министрите во белгиската влада со која официјално беше инаугурирано претседавањето на Белгија со Советот на ЕУ, истакна дека пред да се реформира Унијата нема да се случи никакво проширување.
Пред да станеме поголеми, ќе мора да станеме подобри, па затоа ЕУ ќе мора да се реформира пред да биде подготвена за проширување и за прием на нови членки… Потребна ни е Европска Унија што ќе биде способна да носи одлуки на побрз начин, задржувајќи го своето единство и што ќе биде поефикасна во искористувањето на ресурсите – порача Де Кро
Comments are closed for this post.