Богатиот бизнисмен Бранко Бабиќ за прв пат го покажа својот богат имот, но и приватното езеро кое го поседува. Сега Бранко Бабиќ, познат како „кралот на веѓите“ откри дека само минатата година имал 40 милиони продажби на опрема за разубавување.
– За една година имав обрт од над 40 милиони евра. Ние продаваме преку 500 производи во над 170 земји. Веднаш знаев дека ќе работам за светскиот пазар. Од Ратково, гратче во Србија, извезуваме во цел свет. Благодарение на идејата на татко ми, имаме над 50 семејства кои прекрасно живеат во ова мало место – вели Бабиќ.
Тој вели дека имал само една цел-а тоа е да заработи многу пари.
Мразев да работам, но сакав да заработам пари. Имав план да се посветам на обука во козметичката индустрија. Вложив 200 евра во мојот бизнис, заработувам од 60 до 100.000 евра месечно. Немам никакво претходно знаење, не сум особено паметен, па секој може да го направи тоа. Сепак, на крајот создадов мрежа од мои луѓе кои ќе ја претставуваат нашата техника, ќе воведат нови… Целата моја заработка ја базирав на производство на материјали и опрема.Кога создадов техника за индустријата за убавина, од 2.000 мејлови, не продадовме ниту еден курс. Потоа го зедов најновиот џип, го паркирав пред салонот, почнав да зборувам за убавината на мојата работа, почнав да зборувам за тоа колку заработувам и така се сврте се. Секој ден некој ја гризеше куката и си мислеше: „Сакам да го направам тоа“ – нагласува „кралот на веѓите“.
Но, сево ова го чинело здравје.
– Сè што направивме не се случи тукушто. Многу време, здравје, многу стрес, проблеми… Малку време за синови, пријатели. Сега Монако ми е втора дестинација, имам стан таму,заклучува Бабиќ.
За потсетување, неговата најголема желба била да вози „ролс-ројс“ и тоа го остварил.
Comments are closed for this post.